Таравари формираше комисија за стручен надзор за смртта на 5 годишното девојче кое почина на детска
Тројца лекари ќе бидат дел од Комисијата која ќе проверува дали има лекарски пропуст при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска.Министерот Таравари иницираше стручен надзор по вчерашниот извештај на Државниот санитарен и здравствен иснепекторат кој констатираше пропусти и во третманот и во организацискиот дел на клиниката. За еден месец ова е втора стручна комисија која проверува смртни случаи на деца а по претходни констатирани недостатоци од ДСЗИ.
- И ако има пропусти или грешки секако ќе треба некој да одгвора. Јас во меѓувреме ја побарав и историјата на девојчето, да ми пратат што било направено и анализи на ликворот има, вели Арбен Таравари, министер за здравство.
Констатацијата на ДСЗИ дека не е лабораториски докажан менингоенцефалит како што пишува на потврдата за смрт, министерот вели анализи има ама не е утврдено дали е вирусно или од бактериска природа. За дежурствата на специјализанти на Детска каде инспекторатот и дал рок на клиниката до 15 да го реши овој проблем, Таравари го правда како проблем на целиот здравствен систем кој тлее со години поради немањето на доволно специјалисти.
- Бидејќи толку е бројот на специјалисти и неможат толку да дежураат секоја вечер и затоа се ангажираат специјализанти и тоа не е проблем само на Детска туку во цела држава, вели Таравари.
За разлика од министерот, директорот на Детска дури во петок на прес конференција ќе образложува каква е состојбата на клиниката, што затекнал и што сменил досега. Претходно, Реџеп Мемеди на социјалните мрежи со објавување на табела броеше во чиј мандат колку смртни случаи на деца има.
Освен сегашниот стручен надзор, претходниот за 14 месечното бебе од Гошинце утврди и стручни и системски пропусти а двајца специјалисти се суспендирани и за нив во тек е дисциплинска постапка.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар