-->
-->
Тајвански војници собориле дрон близу Кинмен
-->
Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пешадијата стационирана на островче во Тајван, близу кинескиот град Сиамен, собори дрон што летал над забранета територија, јави ДПА.
Портпарол на одбранбената команда на Кинмен изјави дека неидентификуван дрон со фотографска опрема е откриен како лета над островчето. По стандардните оперативни процедури, тајванската пешадија се обидела да го натераат дронот да си замине.
Откако обидите завршиле без успех, дронот бил соборен и паднал во морето, наведува германската агенција. Според Тајпеј, кинески дронови изминативе недели често летаат над тајванската територија во Кинмен или Мацу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев