ТАЈНИОТ ЗАКОН

Ова се жени кои се трудат да останат на вистинската страна, борејќи се на тенката линија меѓу законот и беззаконието. Женски разузнавачки агенти кои работат за полицијата и кои се инфилтрираат во колумбискиот картел во обид да ги соборат нарко босовите и нивните соработници. Нивната работа е далеку од лесна. Тие често се наоѓаат во опасни ситуации, работејќи во постојан страв дека може да бидат откриени и секој сомнеж дека се службеници кои го спроведуваат законот може да биде фатален за девојките.

Се запознаваме со Амелија која е во можеби најголема опасност бидејќи се инфилтрирала во група која преместува дрога низ џунглата; а тука се и Сандра и „Којоте“ кои се претставуваат како пар за да се зближат со сметководителот на картелот; Татјана, која го истражува главниот мафијаш и новата девојка Алехандра мора да биде обучена пред нејзините први мисии. Тие се под водство на полковникот Кристобал Порто и неговата заменичка Марија Ема Малдонадо.

Крими драма која остава без здив. Напната и динамична серија која ги стави на виделина темните страни на колумбиското подземје и отвори низа прашања за поврзаноста на картелите со полицијата, прашања за корумпираноста на системот и жртвите кои ги трпи борбата за закон и ред.