ПЕЛИН И МЕД
Драмска серија која привлече големо внимание во Грција за време на нејзиното прикажување. Серија чие дејство се одвива во 1958-мата година, години по Втората светска војна и Граѓанската војна. Освен историските обележја од тој период, серијата ни претставува и одредени традиционални особености и фолклор карактеристични за тие декади во Грција. Иинтригантните заплети, селскиот амбиент во кој се снимаше и големото искуство на целиот продукциски и актерски тим беа пресудни да секоја епизода од оваа новела ја следат околу 2 милиони Грци секоја вечер.
Сторијата се одвива во едно село, управувано од моќниот, суров и безмилосен земјопоседник Дукас Севастос за кого работат сите селани во тој регион и на тој начин ги прехрануваат своите фамилии. Тој има значајно влијание врз локалните политичари и затоа се стреми да создаде голема индустриска фабричка зона во селото. Единствената пречка во овој амбициозен план е фактот што тој не ја поседува целата земја во тоа место. Мал дел од поседите им припаѓа на трите сестри Елени, Асимина и Дросо, кои по смртта на татка си, останале сирачиња.
Најстарата Елени е таа која нема да сака ни под разно да го продаде својот имот на господинот Дукас, сакајќи да продолжи да ги одгледува полињата кои им припаѓале со генерации на нивното семејство и да застане рамо до рамо со мажите земјопоседници. Најстариот син на Дукас, Сергиос, ѝ дава предлог што ќе обезбеди таа и нејзините сестри да бидат згрижени до крајот на нивниот живот: тој да се ожени со неа, а таа да му ги даде нивите како мираз. Жртвувајќи се за своето семејство, девојката решава да го прифати непристојниот предлог.
Но, првата брачна ноќ ќе ги облее рацете на сестрите со крв и ќе ги смени нивните животи засекогаш. Приказна за вечното ривалство меѓу две семејства. Ривалство кое ќе донесе болка горка како пелин, но и љубов слатка како мед.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп