Тајани прифати да биде кандидат на Форца Италија за италијански премиер
Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани синоќа соопшти дека прифатил да биде кандидат за премиер на конзервативната партија Форца Италија (ФИ) на Силвио Берлускони, во пресрет на парламентарните избори во Италија, што ќе се одржат в недела.
Берлускони, кој досега во четири мандати беше на чело на италијанската Влада, не може да ја извршува оваа функција до 2019 година, затоа што е осуден за даночна измама.
Како можен кандидат за нов италијански премиер, Белускони уште во вторникот го посочи неговиот сопартиец Тајани, додавајќи дека првиот човек на Европскиот парламент се уште не ја прифатил неговата идеја.
Тајани синоќа на Твитер му изрази благодарност на Берлускони за предлогот, додавајќи дека е „подготвен да и служи на Италија“.
Одлуката на Тајани уште веднаш ја поздрави самиот Берлукони, при учество во едно телевизиско ток шоу. - Знам дека е срамота на Европа да и го одземам Тајани, но тоа е во интерес на Италија, изјави Берлускони.
Тајани важи за еден од најдоверливите луѓе на Берлускони, со кого и заедно ја формираа Форца Италија. Тој е европратеник од 1994 година, лани во јануари беше избран за претседател на Европскиот парламент.
На изборите в недела, според анкетите на јавното мислење, се очекува коалицијата предводена од Форца Италија да освои најголем број пратеници во италијанскиот Парламент, но не доволно самостојно да формира влада.
Ново на Сител
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител