Живот
13. August 2016 - 14:18

Таа е вистинската Златокоса, еве како ја негува долгата коса

Девојка од Квинсленд во Австралија, стана Инстаграм сензација благодарение на долгата коса и боите во коишто ја бојадисува.

Триша Ријбелт (31) има коса долга 1,20 метри. Освен со должината, таа го привлекува вниманието и со боите во кои што ја бојадисува и со необичната комбинација на фарби за коса.

Нејзината коса е природна и таа не носи екстензии, а ја пушта од 2004 година.

Покрај љубовта кон косата и необичните фарби, Триша пронајде начин како да заработи и една козметичка куќа ја изнајми како модел.

За да ја одржи косата здрава и во добра форма, Триша користи шампон без силикон и регенератор еднаш неделно, а и избегнува сушење на косата со врел воздух.

Погледнете ги фотографиите.

4dolga kosa

3dolga kosa

2dolga kosa

1dolga kosa