Џет-Сет
5. September 2017 - 15:37

Таа е крива за се: Милан Станковиќ објави слика со новата девојка!

Милан Станковиќ моментално одмара во Хрватска, а последните денови од летото не ги поминува сам бидејќи е во друштво на убава русокоса.

- Таа е крива за се - напишал Милан покрај новата заедничка фотографија од Дубровник, па фановите веднаш му честитале на новата врска, со оглед на тоа дека ова е прва слика која пејачот ја објавил со новата девојка.

Додека едни му честитале и посакале среќа, имало и такви обожавателки на пејачот кои биле разочарани бидејќи нивниот пејач не е веќе сам.

- Ден на жалост - напишала една од обожавателките на Милан.