СЗО: Загрижени сме за недостигот на нови ефикасни антибиотици
Светската здравствена организација (СЗО) изрази загриженост за бавниот глобален развој на нови ефикасни антибактериски лекови.
Тие лекови се неопходни за решавање на проблемот со растечката отпорност на патогени микроби на лекови. Како што е наведено во извештајот на организацијата објавен во Женева, ниту еден од 43-те антибиотици кои моментално се подложни на клинички испитувања, доволно не го решава проблемот.
„Светот се уште не успева да развие многу потребни антибактериски третмани, и покрај зголемената закана од антимикробна резистенција”, соопшти СЗО.
Според авторите на извештајот, речиси сите нови антибиотици, пуштени на пазарот во последниве децении, се варијации на класата антибиотици, откриени во осумдесеттите години од минатиот век.
Во последниве години, регулаторите одобрија само неколку антибиотици. Сепак, повеќето од нив имаат ограничена клиничка корист во споредба со постоечките третмани. А, 82 проценти од нив се добиени од постоечки класи на лекови против кои патогените микроби имаат развиено отпорност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет