СЗО: Пандемијата се забрзува
Пандемијата предизвикана од коронавирусот се интензивира во светот, бидејќи во последните шест недели бројот на заболени е речиси двојно зголемен, достигнувајќи 16 милиони, а бројот на умрени надмина 640 илјади, соопшти денеска на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гербејсус.
-СЗО има информации за речиси 16 милиони случаи на заразе4ни лица и повеќе од 640 000 смртни случаи. Пандемијата продолжува да се забрзува, рече тој, истакнувајќи дека „бројот на случаи е речиси двојно зголемен во последните шест недели“.
Тедрос најави дека Светската здравствена организација неделава ќе ја свика Комисијата за итни случаи за да ја процени состојбата околу пандемијата. Тој потсети дека на 30 јануари СЗО прогласи вонредна ситуација со коронавирусот со меѓународно значење.
-Во согласност со меѓународните регулативи, неделава ќе го свикам Комитетот за итни случаи за да ја преиспитаме пандемијата и да донесеме соодветни препораки, рече извршниот директор на СЗО.
Според шефот на СЗО, пандемијата на Ковид-19 „го смени светот“. Таа истовремено ги обединува и дели луѓето и општествата, покажувајќи дека „луѓето се способни да реагираат и позитивно и негативно“.
Тој истакна дека сегашната пандемија е најсериозната ситуација во светот, објавена од СЗО.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид