СВР-Битола со зачестени сообраќајни контроли
СВР-Битола за време на вчерашните сообраќајни контроли откриле дека тројца возaчи управувале нерегистрирано возило, а еден без да поседува возачка дозвола.
Секторот за односи со јавност информира дека полициските службеници на СВР-Битола регистрирале шест возачи кои не користеле сигурносен појас, а тројца други возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.
-Во текот на вчерашниот ден писмено опоменати се тројца и издадени се седум мандатни платни налози за неправилно паркирање. Со специјално возило „Пајак” подигнати се четири возила на подрачјето на Битола и Прилеп. На 25 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 5 прекршочни налози. При контролата откриени се и други 10 видови останати прекршоци, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Битола во текот на вчерашниот ден во Битола се случиле две сообраќајни незгоди и притоа во едната сообраќајна незгода три лица се здобиле со телесни повреди, а другата сообраќајка е со материјална штета.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Има ли начин да се подобрат односите Скопје-Софија?
-
Коридорот 8 од железничката пруга продолжува со градба, брзата пруга за Солун е приоритет
-
Ќе има ли реално поевтинување на основните производи со ограничените маржи?
-
Стружани бараат затворање на казината
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски трошел во ресторани а земјоделците чекале субвенции
-
Системот „Безбеден град“ се проширува, казни на домашна адреса засега ќе нема
-
Спелеолошки истражувања во изворите во Црна Река