-->
-->
Светска лига: Прво злато и милион долари за Србија
-->
Одбојкарите на Србија ја освоија Светската лига, најпрофитабилното натпреварување во одбојкарскиот свет, откако во финалето, кое се одигра во Краков, славеа над Бразил 3-0 (25:22, 25:22, 25:21). Третото место на турнирот и припадна на Франција која со максимален резултат ја победи Италија (25:23, 25:21, 25:20).
Србија во своето шесто учество во финалните мечеви во Светската лига ја освои првата титула, додека Бразил остана на девет титули во ова натпреварување. Српските одбојкари покрај титулата освоија и чек на еден милион долари.
Србија во финалето одигра одличен меч, со цврста и дисциплинирана игра не му дозволи на Бразил во ниту еден момент да стигне во предност и да ја диктира играта.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ивовиќ со 16 поени, додека Бразил го предводеше Де Соуза со 18 поени.
Србинот Марко Ивовиќ како МВП ја предводи идеалната постава на завршниот турнир. Покрај Ивовиќ во идеалниот тим се уште Симоне Џанели (техничар, Италија), Валас Де Соуза (коректор, Бразил), Среќко Лисинац (блокер, Србија), Маурисио Соуза (блокер, Бразил), Антоан Рузија (примач, Франција), Жења Гребењиков (либеро, Франција).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи