Сузбиена македонско-бугарска организирана криминална група
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против П.Т. (66), Б.Т. (36) и А. Т. (34), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 став 3 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Од таму соопштија дека П.Т. (66) е приведен денеска, како дел од меѓународната криминалистичка истрага во рамки на која Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка со бугарскиот Оддел за борба против организиран криминал и во координација на Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа (СЕЛЕЦ), сузбија македонско-бугарска организирана криминална група.
– На 10.02.2022 во Софија, Република Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори, велат од МВР.
Истовремено според МВР, на територијата на земјава при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од втора и од трета категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги.
Според МВР, Б.Т. и А.Т., како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист во Софија инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Бугарија, а дел од неа транспортирале во земјава, каде била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба.
Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија