Сузана Турунџиева по загубата на сопругот: Ми следува најтешката смена што морам да ја одработам во животот!
По загубата на сопругот кон крајот на месец јули, ТВ водителката и писателка Сузана Турунџиева и покрај целата болка мора да се врати на редовните работни обврски.
Од вчера неа повторно ја гледаме на ТВ екраните, а пред почетокот на новата сезона на нејзината емисија таа ги потресе пријателите и фановите со емотивна објава на Фејсбук во која откри дека пред неа стои најтешката смена во животот.
- Од денеска, стартува новата сезона на моите Втори и Трети смени. Вообичаено, во старите термини, секој понеделник и четврток, со почеток во 17.17 – 18 и навечер од 22.30 – 23.50 повторно ќе разработуваме теми од животот, актуелни настани и ќе претставуваме интересни и несекојдневни животни приказни.
Ви благодарам за довербата и поддршката која секојдневно ми ја упатувате тука, на социјалните мрежи и ве поканувам, да бидете со мене, како и досега, да ја одработам најтешката смена во досегашната тв пракса! Се гледаме, во 17.17 на Наша ТВ!, порача Сузана.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст