САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од вечерва на полноќ, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа.
Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како што претходно побара американскиот претседател Доналд Трамп.
Наместо тоа, Кина соопшти дека „ќе се бори до крај“ и ќе преземе противмерки против Соединетите Американски Држави за да ги заштити своите интереси, откако претседателот Трамп се закани со дополнителна царина од 50 отсто на кинескиот увоз.
Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека наметнувањето на таканаречените „реципрочни царини“ од страна на САД врз Кина е „целосно неосновано и претставува типична еднострана практика на застрашување“.
Кина, втората по големина економија во светот, најави одмазнички царини, а Министерството во својата последна изјава навести дека може да следуваат уште мерки.
„Противмерките што ги презема Кина имаат за цел да го заштитат нејзиниот суверенитет, безбедност и развојни интереси, како и да го одржат нормалниот меѓународен трговски поредок. Тие се целосно легитимни“, соопшти Министерството.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска