Ракомет
27. November 2016 - 10:33

Супер лига: Борец го совлада лидерот Охрид

Ракометарите на Борец направија изненадување откако синоќа во натпревар од 12.коло од Супер лигата на домашен терен го совладаа лидерот на табелата Охрид. Важна победа во борбата за врвот на табелата оствари и Работник Еурофарм.
Резултати на натпреварите од 12.коло: Вардар Јуниор – Радовиш 24:22, Металург II – Работнички 33:21,Еурофарм Работник – Прилеп 35:32, Борец – Охрид 30:28.
Натпреварот Пелистер – Пролет е одложен поради настапот на битолчани во Челинџ купот. 
Табела: Охрид 25 бодови, Еурофарм Работник 25, Пелистер 22, Пролет 19, Металург II 18, Борец 17, Прилеп 17, Радовиш 16, Вардар Јуниор 8, Работнички 0.