Судир меѓу полиција и граѓаните во Нови Сад
Судири со граѓаните и фрлање јајца кон полицајците го означи почетокот на денешната седница на новосадското собрание, на која треба да се избере нов градоначалник, откако претходниот поднесе оставка поради уривање на настрешница на железничката станица при што загинаа 15 лица.
Зградата на Градското собрание од рано утрото ја обезбедуваат голем број полицајци, кои граѓаните се обидуваат да ги потиснат и да го изразат своето противење на политиката на владејачката Српска напредна партија (СНС), која, според лидерите на опозицијата во Нови Сад, доведе до смрт на невини луѓе на железничката станица.
-Дојдовме да влеземе во зградата што ни припаѓа, не дојдовме да ја окупираме зградата, не сме вандали.
-Ова е наредба од Белград, овде седат луѓе кои им извикуваа „усташи“ на студентите и сега не ни дозволуваат на нас советниците да влеземе на седницата на собранието, изјави за Н1, советникот од опозициската Демократска партија, Вељко Крстоношиќ, објаснувајќи како дошло до инцидентот.
По половина час судири ситуацијата се смирила кога студентите и нивните професори застанале пред кордонот од голем број полицајци во опрема за разбивање бунт, јави новосадскиот портал 021. rs.
На граѓански протест поради изборот на новиот градоначалник на Нови Сад повика лидерот на опозицијата Миша Бачулов, а му се придружија и Обединетата новосадска опозиција, како и просветните работници, јави Н1 од местото на настанот.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори