Судење за прегазената Фросина: "Ќерка ми да стане од гроб да каже дали поминала на црвено"
Продолжи судскиот процес за прегазената студентка Фросина Цековска од Крива Паланка во Кривичниот суд во Скопје. Како што пишува Дневник, било презентирано вештачењето според кое девојчето поминало на црвено светло. Светлото на семафорот за пешаци било црвено, додека за возила зелено. Опасноста за сообраќајката ја предизвикала токму Фросина која поминала на црвеното светло на Партизанска.
На вчерашното судско рочиште било тензично со оглед на тоа дека таткото и мајката на загинатото девојче не можеле да ги прифатат овие тврдења. Мајката на Фросина на вештакот му се обратила со зборовите: "Најдобро да стане ќерка ми од гроб и да ви одговори дали поминала на црвено. Ќе ве стигне правдата."
Возачот на автомобилот, 26-годишниот Љубиша Видојковиќ, кој тогаш побегна од местото на несреќата, имал 1,23 промили алкохол во крвта кобната вечер. Се товари за две кривични дела: Тешки дела против безбедноста на луѓето и имото во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајка.
Биле дадени неколку варијанти како би можела да се избегне сообраќајката од кои едната била возачот да ја согледа опасноста на оддалеченост од 26 метри од пешачкиот, за време од 1,1 секунда, додека втората пешакот да го видел автомобилот кој доаѓа кон него, пишува Дневник.
На прашањето дали доколку пешакот не трчал туку чекорел по пешачкиот ќе се одбегнела несреќата, вештакот одговорил потврдно.
За потсетување, несреќата се случи на 3 април минатата година кога во 20 часот и 50 минути пијаниот возач сосвојата Хонда ја прегази младата студентка кај Универзалната Сала.
Ново на Сител
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов