Македонија
21. January 2025 - 16:40

Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?

Студентите во четврток ќе дебатираат дали сакаат да добиваат плус 20 денари на парите коишто сега ги земаат за студентски оброк од државата, или пак ќе се солидаризираат со колегите кои работат за и тие да добиваат 140 денари субвенциониран студентски оброк.

Министерката за образование и наука вели дека годинава пари за зголемување на оброкот на 160 денари има, но дали ќе се зголеми оброкот, или да се прошири листата, студентите да одлучат. 

Моментално, македонските студенти земаат 140 денари за јадење. Фиксна цена за оброк од државата, имаат и младите во Словенија. Таму студентите добиваат 3,5 евра.

Студентите во Бугарија, јадат во специјализирани мензи и плаќаат само 50% од цената на оброкот, другото го подмирува државата. Врвот на универзитетското студентско собрание во Србија, во консултација со останатите млади, сами си ја одредуваат цената за оброкот која студените ќе ја плаќаат. Во просек, за појадок, ручек и вечера имаат субвенции од 39% од оброкот.