Страшно: Сексуално нападнал малолетничка пред очите на нејзиниот татко
Малолетна девојка од Србија раскажа дека постар маж и барал секс, а бидејќи била преплашена, започнала да се соблекува, па тој и скокнал и почнал на сила да и го допира телото.
Добросав пријавил во полиција дека во дворот на нивната куќа, 51-годишен маж му ја допирал 13-годишната ќерка.
Цела драма се случувала пред носот на нејзините родители.
„Дојде кај мене во пијана состојба. Детето седеше со нас на клупата. Отидов да завршам нешто, педесетина метри понатаму, а тој додека не бев таму ја допирал мојата ќерка, и ја прашал дали е способна за секс. Детето се уплаши и тргнало накај дома. Тргна по неа и почна да ја допира по нозете и рацете! Таа започна да плаче, јас дотрчав и го избркав“, раскажува таткото за српските медиуми.
За жал девојчето се уште има трауми и навечер не може да спие.
Случајот е пријавен во полиција.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР