Страшна судбина: Детето камен не смее да излезе од дома, има болки и сите се плашат од него
Осумгодишно дете од Бангладеш е принудено да го поминува животот во куќен притвор затоа што другите деца се плашат од него како и поради ужасните болку што ги трпи кога некој ќе го допре што е последица од неговата ретка болест.
Мехенди Хасан е исфрлен од друштвото поради акутната болест која кожата му ја претвора во камен. Додека неговото лице изгледа нормално, остатокот од неговото телот е покриено со дебела и тврда кожа која му го отежнува одењето и допирањето.
Неговата заедница, дури и неговата баба се плаши од него, а според зборовите на мајката на момчето таа ја повикува владата да се обиде да најде лекар за него кој ќе го спаси.
-Луѓето го презираат, мислат дека е валкан поради неговата состојба. Тој живее во куќен притвор веќе 8 години затоа што луѓето се плашат и му довикуваат грди работи. Го мразат и никој не сака да го гледа или да јаде пред него, дури и неговата баба. Ја проколнувам државата да му помогне, изјави неговата мајка Јаханара Бегум.
Хасан сето ова многу го вознемирува и тој уште повеќе се повлекува во себе и не излегува од дома.
-Мојот син често плаче од болка. Поразително е и ужасно за мајката да гледа како и страда детето, вели Јаханара.
Мехенди се родил здрав, но неговите родители по 12 дена забележале дека има нешто на кожата како осип. Прво го занемариле тоа мислејќи дека го каснале комарци, но по неколку месеци осипот се проширил по целото тело. Локалните лекари не можеле да му помогнат, па фрустрирани и скршени го прекинале третманот.
-Докторите не успеаја да му ја дијагностицираат болеста, рекоа само дека страда од ретка болест на кожата. Ние немаме пари за лекување. Се што ќе заработиме трошиме за лекување, вели таткото на детето.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми