Македонија
14. July 2015 - 12:23

Страшна сообраќајка: Жена повредена во Куманово починала во болница

Сообраќајна несреќа во која жена е прегазена се случила вчера утрината во Куманово.

Триесет и пет годишниот штипјанец М.А. со патничко комбе „Цитроен“ удрил во пешакот Горица С. (78) од Куманово.

-Во незгодата Горица се здобила со тешки повреди по што била пренесена во ЈЗУ-Куманово каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била пренесена во УЦ-Скопје, каде во 15:30 часот им подлегнала на повредите, информираат од полицијата.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа на СВР-Куманово.