Македонија
16. September 2015 - 13:50

Страшна сообраќајка на „Првомајска“

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила на булеварот „Борис Трајковски“, поранешна „Првомајска“.

Според информациите до кои дојдевме, во несреќата тешко повреден е 36 годишен скопјанец. Истата се случила при судир на мотоцикл кој го управувал сега повредениот и автомобил „Фиат“ управуван од Н.Н. (36).

Со возило на Брза помош, повредениот мотоциклист И.Ѓ. бил пренесен во Ургентниот центар каде му биле констатирани тешки повреди.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.