-->
-->
„Страшна“ игра на американскиот Дрим-тим
-->
Американскиот Дрим-тим ја одигра својата прва контролка во рамките на подготовките за ЛОИ во Рио и покажа извонреден квалитет во дуелот со селекцијата на Аргентина која беше буквално „прегазена“.
Иако без Леброн Џејмс, Стеф Кари и Расел Вестбрук, американците славеа со убедливи 37 поени разлика – 111-74 (32-14, 24-19, 24-24, 31-17). Веројатно сите очекуваа победа на четата на Мајк Кшижевски, но не толку убедлива против репрезентацијата која во својот состав има и неколку НБА ѕвезди.
Дека ќе играат мачка и глушец беше јасно уште во првата четвртина во која “дрим-тимот” направи 18 поени разлика. И покрај тоа, Кшижевски не се плашеше да им даде шанса на најдобрите, па на крајот Дјурент беше најефикасен со 23 поени, а Кармело Ентони додаде 17. Кај Аргентина, Андрес Носиони заврши како прв стрелец со 15 поени.
За американската репрезентација ова беше прв тест пред Олимписките игри во Рио. Следуваат два дуели со Кина, на 25 и 26 јули, со Венецуела на 29 јули и последниот меч против Нигерија на 1 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски му честита на Мерц за победата на ЦДУ/ЦСУ на изборите во Германија
-
Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница
-
Франција со најмногу медали на Светското првенство во биатлон 2025
-
Ливерпул го доби дербито со Сити, Салах продолжува со историски достигнувања
-
Фудбалерот на Фиорентина, Кин кој колабира на натпреварот против Верона е во свесна состојба
-
Мицкоски и ја честита на ЦДУ изборната победа во Германија
-
Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО во неговата „сегашна форма“
-
Макрон ќе се сретне со Трамп во Белата куќа за разговори за Украина