Македонија
24. February 2025 - 8:31

Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница

Претставници од Секретаријатот на Енергетската заедница денеска ќе имаат Состанок со Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.

На состанокот, од страна на директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, ќе биде извршена презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во Република Северна Македонија за 2024 година.