Стопанската комора со мерки за актуелната економска ситуација
Стопанската комора на Македонија бара институциите навремено да ги спроведуваат административните постапки на компаниите и итно на највисоко ниво да се надминат состојбите поврзани со штрајкот на Солунското пристаниште со цел бизнис заедницата да не трпи штети.
Од Стопанската комора на Македонија денеска посочија дека со оглед на актуелната состојба поврзана со политичката криза забележани се определени застои во административните постапки на компаниите во врска со издавањето на одобренија, дозволи и други документи.
- Првото алармирање за ваквите состојби компаниите го искажаа во анкетното истражување што Стопанската комора на Македонија го спроведе во средината на април и во кое беа опфатени приближно илјада компании од различни сектори. Тогаш беше укажано од страна на компаниите дека одредени промени во институциите има ненавремено процесуирање на нивните барања, рече на прес-конференција Билјана Пеева - Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.
Со цел да им се помогне на компаниите во Стопанската комора на Македонија од денеска ќе почне да функционира оперативна канцеларија која ќе работи 24 часа.
Во врска со штрајкот на Солунското пристаниште кој траеше скоро еден месец и поради кој штети претрпе бизнис секторот, Од Стопанската комора на Македонија бараат доколку во иднина има повторно вакви ситуации, владите на двете држави да изнајдат алтернативни решенија.
Од Стопанската комора на Македонија најавија дека во следниот период ќе организираат презентации на пристаништата во Драч, Бар и Бургас со цел компаниите да бидат информирани за услугите на овие пристаништа кои може да ги користат доколку не работи Солунското пристаниште.
Ново на Сител
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, од Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Специјализантите ќе добијат пристап во Мој термин
-
Поставен камен темелникот за изградба на резервоар Пребег во Штип, инвестиција од 40 милиони денари
-
Дел од моштите на Свети Стефан изложени во католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
-
Преглед на вестите од светот