Поставен камен темелникот за изградба на резервоар Пребег во Штип, инвестиција од 40 милиони денари
Поставен камен темелникот за изградба на резервоарот Пребег во Штип. Со реализација на овој проект кој е само еден дел од Линија 2, целосно ќе се нормализира водоснабдувањето во високите зони во градот.
- Резервоар Пребег, со капацитет од 1500 метри кубни со кој ќе го решиме деценискиот проблем со вода за пиење кој го имаат населбите во високата зона на градот, Пребег, Железничка, Три Чешми и дел од Чардаклија. Ова е капитален проект за општината, се надевам дека ќе биде изграден во предвидениот рок. Ова е само еден дел од линија 2 за да може да биде целосно функционален овој водоснабдителен објект,
Оваа инвестиција во целост е обезбедена од општинската каса, поточно од средствата од самопридонесот, кои со децении стоеа замрзнати на трезорска сметка.
- Инвестицијата која е од парите на граѓаните, од самопридонесот, е нешто повеќе од 40 милиони денари за овој главен резервоар, изјави Иван Јорданов, градоначаланик на Штип.
Изградбата на резервоарот Пребег треба да биде финализирана до месец септември оваа година.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар