Столтенберг до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО
Шведска ги исполни своите обврски кон Турција, изјави вчера генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по двочасовната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја за попустливост кон курдските активисти кои живеат на нејзина територија.
Столтенберг изрази надеж дека Турција ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО пред самитот на шефовите на државите на земјите-членки на Алијансата на 11 и 12 јуни во Вилнус.
Шефот на НАТО и се заблагодари на Турција што одговорила на барањето за испраќање засилување на север на Косово.
Турското Министерство за одбрана вчера соопшти дека планира да испрати свои сили во Косово како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на КФОР по немирите во северно Косово.
Столтенберг вчера присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган, кој го започна својот трет претседателски мандат, што ќе трае пет години.
Ново на Сител
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски утре ќе го доставува предлогот за Влада до Собранието до недела на полноќ треба да се избере владиниот кабинет
-
Шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор
-
Проф. Садикарио: Од Струшкиот медицински факултет ќе излегува импровизиран кадар, а тоа е многу опасно
-
Миле Јанакиевски по 6 години поминати од затвор излезе на слобода