Македонија
17. јуни 2024 - 16:35

Миле Јанакиевски по 6 години поминати од затвор излезе на слобода

По 6 години затвор, Миле Јанакиевски денеска излезе на слобода. Екс министерот за транспорт излегува условно, откако Апелација ја уважи неговата жалба за случајот „титаник“ за што беше осуден на 3 ипол години. Информацијата за Сител ја потврди неговиот адвокат.

Случајот Титаник е дел од предметите на поранешното СЈО Екс министерот за транспорт беше гонет за изборни нерегуларности. Покрај за случајот „Титаник“, Јанакиески беше обвинет и во предметите „Шпански скали„ и „27-ми април“.

Јанакиески неколку пати беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во затворот Идризово, а потоа во Шутка. За времетраењето на притворите Јанакиевски ја тужеше државата во меѓународниот суд за човекови права и доби пресуда во негова корист, а државата треба да му исплати оштета од околу 6000 евра.

Лани застаре предметот Топлик во кој тој беше обвинет за случајот Сончев град. Апелација ја укина првостепената пресуда а потоа со измените во кривичниот законик одредбите во законот според кои беше суден не се веќе на сила.