Македонија
19. December 2023 - 12:02

Стојанче Ангелов: Потфрливме како влада, соработката со СДСМ е минато

Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и претседател на Достоинство изјави дека соработката со СДСМ е минато.

На новинарско прашање за идна соработка со СДСМ,  Ангелов не го криеше незадоволство од власта, а особено се осврна на црната листа и извештајот од Европската Комисија.

- Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа - вели Ангелов.

Стојанче Ангелов е категоричен дека соработката со СДСМ веќе е минато, а тој е разочаран дека партијата не ги исполнила барањата на неговата политичка партија „Достинство“.

- Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ веќе е минато. Оваа влада потфрли во суштината на Достинство. Прогласија само четири воени инвалиди. СДСМ треба да го притисне ДУИ и Талат Џафери, вели Ангелов.

Ангелов вели дека е разочаран од власта, пред сѐ од тоа дека СДСМ за сите прашања се консултира со ДУИ.