Стојанче Ангелов изврши увид на небезбеден мост во Oпштина Босилово
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на покана на градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, го посети мостот во атарот на село Секирник што е видливо оштетен, во лоша состојба и претставува опасност за тие што го користат.
Инаку, иако патот не е асфалтиран, преку мостот е поврзана обработлива земјоделска површина од околу 50 хектари.
Како што појасни директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, еден од носечките столбови на мостот, над реката Струмица, е пандат. Над него инаку поминуваат металните шини, а преку мостот поминуваат возила за обработка на земјиштето, трактори, комбајни и друго.
Со ова, значително е нарушена стабилноста на мостот. При движење по мостот може да се почувствуваат силни вибрации. Англеов препорача Општина Босилово да викне стручни лица, кои ќе кажат дали тој може да се поправи или треба да се урне.
Препорача затворање на мостот.
Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, побара помош од Владата, затоа што тие како општина немаат доволно пари за обнова на мостот.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст