Стипендии од бизнис секторот за студенти на УКЛО-Битола
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, континуираната соработка со бизнис секторот од градот и државата ја ефектуира со обезбедување стипендии за студентите кои студираат на УКЛО.
Од секторот за односи со јавност посочуваат дека стипендии за студенти на УКЛО обезбедени се од компанијата „Кромберг & Шуберт Македонија“ ДООЕЛ Битола и од Фондацијата „Тома Фила“, додека пак со LTH-леарница Охрид, овозможена е стручна поддршка на студентите од овој Универзитет.
– Во рамки на соработката меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, односно преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење (КРЕДО центар) и „Кромберг & Шуберт Македонија“ ДООЕЛ Битола, а со цел професионално усовршување на млади и талентирани студенти, компанијата ќе додели четири стипендии за студенти од УКЛО, и тоа две стипендии за студенти од студиската програма „Индустриско инженерство и менаџмент“ и една стипендија за студентите од студиската програма „Машинство“ на Техничкиот факултет во Битола, како и една стипендија за студент од Економскиот факултет во Прилеп.
Стипендија и оваа академска година ќе додели Фондацијата „Тома Фила“, што се доделува за стипендирање и подржување на еден талентиран студент на Правен факултет – Кичево, дисперзирани студии во Битола, на втор циклус студии, со остварен просек од најмалку осум, на прв и на втор циклус студии.
УКЛО-Битола оствари соработка и со компанијата LTH леарница од Охрид, што како што информираат од универзитетот, широко ќе ги отвори вратите за студентите од сите студиски програми на Техничкиот факултет-Битола.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во текот на овој месец ќе го одбележи јубилејот – 40 години од денот на основањето.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот