Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
- Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им е на асномците коишто ги удрија темелите на современата македонска држава и го остварија вековниот идеал на македонскиот народ, нагласи тој.
Точно е дека оваа држава не е совршена, додаде тој, но, подвлече, сите сме одговорни за тоа каква држава имаме, и „ние што бираме и тие што се бирани на функциите“.
Јакимовски упати апел, да се излезе на гласање.
- Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа. И втората замолница е да се излезе да се гласа „за“, а не „против“, апелираше Јакимовски.
Притоа, подвлече дека секогаш кога гласаме „против“ некого, секогаш „правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата“.
- Затоа излезете и дајте го гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, дека ќе биде најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, рече Јакимовски.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа
-
Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција
-
Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО
-
До четврток нестабилно со услови за невреме, викендот натпросечни температури
-
Пејачот Амар Исмани е жртвата од синоќешното пукање на „Пластичарска“