Македонија
27. May 2024 - 12:35

Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје

На 26.05.2024 во 18.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во рециклажен двор на ЈП „Комунална хигиена“ на бул.„Илинден“ во Скопје биле пронајдени две неексполодирани гранати.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје безбедно ги подигнал гранатите, а увид извршила екипа од СВР Скопје.