Стејт департмент: Примирјето во Сирија главно се одржува
Прекинот на огнот во Сирија кој стапи во сила пред две недели главно се одржува и дојде до драматично намалување на насилството, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.
Прекинот на огнот овозможи да отпочне хуманитарно доставување помош во некои од опколените подрачја, прецизира Кирби.
Тој сепак предупреди дека конфликтот, во кој загинаа повеќе од 270.000 лица од март 2011 достигнал критична точка, бидејќи и покрај намалувањата на насилствата, останува длабоката загриженост поради континуираното кршење на примирјето, вклучувајќи и напади врз цивили и опозициските сили, извршени, од како што рече, сирискиот режим.
Кирби ги повика сите страни да ја искористат оваа можност, дополнувајќи дека не треба таа да се пропушти било поради негрижа, било поради свесно недејствување.
Ново на Сител
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп