Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
Премиерот на Канада, Марк Карни денеска изјави дека трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп против Канада им штети на Американците.
Неговата трговска војна е на штета на американските потрошувачи и работници и ќе боли уште повеќе. Гледам дека довербата на американските потрошувачи е на многу ниско ниво, посочи Карни за време на предизборната кампања во Онтарио пред изборите што се закажани на 28 април.
Непрофитната економска и истражувачка организација „Конференциски одбор“ вчера соопшти дека индекс на доверба на потрошувачите во САД се намалил за 7,2 поени во март. Тој паѓа четврти месец по ред и е најнизок од јануари 2021 година.
На 2 април Трамп воведе царини од 25 отсто за канадскиот челик и алуминиум и се закани со високи царини за сите канадски производи.
Тој сака да не скрши за да може Америка да не поседува. И тоа никогаш нема да се случи бидејќи ние едноставно не се грижиме само за себе, туку еден за друг, посочи Карни.
Тој најави „фонд за стратешки одговор“ од две милијарди канадски долари (1,4 милијарди американски долари) што ќе го заштити делот од канадската автомобилска индустрија, што ќе биде засегнат од царините на Трамп.
Ново на Сител
-
Приведен 21-годишен кумановец, возел со 1,52 промили алкохол во крвта
-
Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, парите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Премиерот Мицкоски упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-
Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица
-
Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд