Стејт департмент: Корупцијата ги оддалечува инвеститорите од Албанија
Албанија и понатаму е една од најкорумпираните земји во Европа, според Индексот за перцепција на корупција и други показатели, пренесува Ора њуз, повикувајќи се на последниот извештај на амерканскиот Стејт департмент, каде повторно се изнесени високи критички оценки за деловната клима во земјата.
Според извештајот странските инвеститори ја наведуваат корупцијата, посебно во судството, каде што неефикасните процедури ја поткопуваат заштитата во Албанија, поради што мора да бараат меѓународна арбитража за решавање на недоразбрањата. При тоа посебно го наведува случајот на една американска компанија.
„Во 2019 и 2020 година, напорите на една амерканска компанија да инвестира се спречени со неколку судски одлуки и сомнителни активности на заинтересирани страни. Работата сега е на меѓународна арбитража“, стои во извештајот пенесува телевизијата.
Според истиот извор како и во многу други извештаи, на што редовно прдупредуваат и медиумите, тендерите исто така остануваат предизвик.
Во извештајот се наведува дека пречка за странските инвеститори останува и недостигот на транспарентност во системот за јавни набавки, но и лошото спроведување на договорите. За голем товар за албанската економија се сметаат и концесиите.
„Зголемената употреба на договори за јавно приватно партнерство ги намали можностите за конкуренција, вклучувајќи ги и странските инвеститори, во инфраструктурата и другите сектори. Лошата анализа на трошоците и придобивките и недостатокот на техничка експертиза во изготвувањето и следењето на договорите за ЈПП се тековни грижи“, се наведува во извештајот.
Се посочува дека правата на сопственост и понатаму се предизвик во Албанија, затоа што е „тешко да се добие јасна потврда, а различните имиња во имотните листови се сметаат за сериозно и вообичаено прашање“.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти