МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
МОН мобилизираше мрежа од 100 психолози за да им помогнат на своите колеги во воспитно-образовните институции во Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешено и околните места. Фокусот се става на училиштата каде што има жртви од несреќата во страотниот пожар во дискотеката Пулс, за да работат со учениците, со нивните родители, наставниците, но и со останатите граѓани засегнати од трагедијата.
Весна Јаневска, министерка за образование и наука „Досега 32 психолози ја минаа специјализираната обука, во која се вклучени Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, и веќе обезбедуваат директна поддршка на терен“.
Надлежните утврдиле дека е потребно и поголем број на стручни лица на терен. Па, затоа сите останати ќе се вклучат, откако ќе ја поминат денешната обука. Психолозите работат согласно протоколи, создадени за во кризни ситуации.
„Во секое училиште има по еден психолог, работат групно, работат и поединечно. Сегде кај шо има жртви ама и другарчиња на настрадани итн “
Психолозите работат и со студентите во Штип, влегле и во младинските хабови. Дополнително, на страната на МОН достапни се контакти од стручни лица кои се достапни за разговор за сите граѓани кои чувствуваат ваква потреба.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар