Стефановиќ: Нема да дозволиме да не загрозат, на Хрватска и пречи што Србија е лидер
Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави дека Хрватска „постојано предизвикува ситуации со военоагитаторски говор, а Србија нема да дозволи да биде загрозена нејзината безбедност“.
Тој во изјава за беглрадски медиуми вели дека Србија работи на јакнење на воените капацитети.
– Наша работа е да одговориме реципрочно и да ја штитиме безбедноста на државата, изјави Стефановиќ за ТВ Пинк.
Коментирајќи ги изјавите на Анте Котромановиќ, министер за одбрана на Хрватска за набавка на оружје, вели дека Србија сака добри односи со соседите.
– Но, кога некои мислат дека знак на пријателство е набавка на ракети и ни велат да не бидеме нервозни поради тоа, тие се обидуваат да ја понижат Србија. Ниту премиерот, ниту Владата на Србија нема да дозволат нашата држава да биде понижена и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат загрозеност бидејќи некој во регионот се вооружува, истакна тој.
Министерот вели дека Србија „ниту е заплашена ниту кој било ја загрозува нејзината безбедност и достоинство“.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори