Loading Video...
Фудбал
14. јуни 2023 - 19:03

Стартува завршниот турнир за трофејот во Лигата на нациите

Со натпреварот меѓу домаќинот Холандија и селекцијата на Хрватска, вечерва започнува завршниот турнир во Лигата на нациите.

Холандија во која беше финалист на првото издание во 2018-тата загуби со 1-0 во финалето од Португалија. Популарните „лалиња“ ќе ја имаат предноста на домашниот терен и поддршката од публиката во обид за прв пат да триумфираат во ова натпреварување. Избраниците на Куман незнаат за пораз пред своите симпатизери на на деветте одиграни натпревари имаат осум победи и само еден нерешен резултат.

Од другата страна, Хрватите веруваат во капацитетот на нивната селекција предводена од Лука Модриќ, па „коцкестите“ потсетуваат дека тие се неодамнешни полуфиналисти од Светското првенство, што само по себе говори за квалитетот на репрезентацијата.

Вечерашниот натпревар меѓу Холандија и Хрватска ќе се игра во Ротердам со почеток од 20:45 часот, а во истиот термин утревечер во Еншеде, за место во финалето ќе се борат европскиот шампион Италија и селекцијата на Шпанија.

Натпреварите за пласман на програмата се во недела и тоа од 15 часот ќе се игра натпреварот за третото место, а големото финале во Ротердам ќе започне во вечерниот термин од 20:45 часот.