Loading Video...
Кошарка
30. September 2021 - 10:56

Стартува новата сезона во кошаркарската Евролига

 
Со натпреварот меѓу Монако и Панатинаикос кој започна од 19 часот, стартуваше новата сезона во најквалитетната европска клупска кошаркарска конкуренција, Евролигата. 
 
18-те екипи ќе одиграат 34-кола, по што осумте најдобри ќе разигруваат во четвртфиналната рунда од плејофот. 
 
Актуелниот шампион Анадолу Ефес одбраната на титулата ќе ја започне со вечерашното гостување во Мадрид кај Реал, додека вицепрвакот московска ЦСКА гостува во Милано кај Олимпија Армани. Четвртиот натпревар за вечерва ќе се игра во Тел Авив каде Макаби ќе го пречека минхенски Баерн. 
 
Останатите пет средби од првото коло на програмата се утревечер, а двојките се:
 
ЕВРОЛИГА 1 коло
Четврток
19:00  МОНАКО - ПАНАТИНАИКОС 
20:05  МАКАБИ ТА - БАЕРН МИНХЕН
20:30  ОЛИМПИЈА МИЛАНО - ЦСКА МОСКВА 
20:45  РЕАЛ МАДРИД - АНАДОЛУ ЕФЕС
Петок 
18:00  УНИКС КАЗАН -  ЗЕНИТ ПЕТЕРБУРГ 
19:45  ФЕНЕРБАХЧЕ -  ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 
20:00  ЛИОН ВИЛЕРБАН -  ЖАЛГИРИС 
20:00  ОЛИМПИЈАКОС -  БАСКОНИЈА 
21:00  БАРСЕЛОНА -  АЛБА БЕРЛИН