Loading Video...
Кошарка
9. March 2023 - 19:01

АБА 2 лига: Плеј-оф победа на кошаркарите на Пелистер

Кошаркарите на Пелистер ја остварија клучната победа во битката за влез во завршниот фајнал фор во втората АБА лига откако попладнево славеа против Слога Краљево со 96-93. 
На коло пред крајот Пелистерци  покажаа квалитет да се носат со најдобрите во регионалното натпреварување и во драматичен финиш ја прославија победата против српскиот тим кој беше надигран се до последната четвртина во која тимот од Битола влезе со огромна предност од 17 поени но дозволи противникот да се врати и на крајот дури и да шутира тројка за израмнување. 
Карпентер со 26 поени доминираше во балонот во БиХ заедно со Карутерс со 23 постигнати коша. Во последното коло Пелистер игра со Подгорица. 
Тренерот на нашиот тим Марјан Илиевски не го криеше задоволството од успехот. 
“Прво честитки за играчите на овој голем успех. Овие момци го заслужија ова. Пред почетокот на сезоната од управата на клубот мислеа дека ова за нас ќе биде преголем залак, дека настапот во АБА 2 ќе биде една обична екскурзија со оглед на тоа дека буџетот беше преполовен. Но, ете, успеавме. Секако благодарност до момците кои јас ги селектирав, покажаа дека имаат квалитет“ рече Илиевски.
FOTO ABA 2 LEAGUE