Loading Video...
Кошарка
13. October 2023 - 19:47

МЗТ го совлада Пелистер за прва победа во АБА 2 лигата

МЗТ Скопје Аеродром ја постигна својата прва победа во АБА лигата 2, откако во второто коло го совлада Пелистер со 91-78. 
На мечот се играше рамноправно се до последната четвртина кошаркарите  од Скопје направија решавачка серија од 10-2 и се одлепија на плус 13 што на крајот им донесе радост. 
 
Браќата Стојановски беа најдобри кај победникот со  20 поени за Војдан и 16 за Дамјан. 
Во редовите на Пелистер се истакна Лука Стојановски со 22 поени додека искусниот Костоски за 26 минути на теренот не постигна ниту еден поен што е клучниот момент за поразот на битолскиот тим. 
 
По завршувањето на овој турнир МЗТ и Пелистер имаат по една победа и еден пораз.