Стартна победа за Јотовски во Кисељак
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Кисељак откако со пресврт стигна до триумф над Мајк Урбанија од Словенија со 2-1 во сетови. Мечот траеше 2 часа и 17 минути.
Првиот сет го доби неговиот ривал со 6:3 во гемови. Најголема борба се водеше во седмиот гем при резултат 3:3 кога беа одиграни 22 поена, а гемот со брејк го доби Урбанија, кој потоа го доби и сетот. Протвникот на Јотовски ги доби и следните два гема, но нашиот тенисер успеа да се врати во игра и со серија од 6:1 во гемови успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решвачкиот сет неизвесно беше до 3:3 во сетот, а потоа од 13 поени Јотовски доби 12 и не загуби ниту еден поен на свој сервис во двата последни гема. Со што ја потврди победата и добрата форма, иако по турнирот во Брчко имаше и мали здравствени прблеми.
Утре во второто коло Јотовски ќе игра против седмиот носител Ерик Крепалди од Италија, кој се наоѓа на 549 место на АТП листата, а пред две сезони бил и на 282.место. Нашиот тенисер утре ќе игра и мечот во конкуренција на двојки.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат