-->
-->
Српски „Курир“: Пропаднаа преговорите меѓу Македонија и Грција
-->
Македонија и Грција не успеале да најдат заедничко решение за спорот за името и со тоа преговорите пропаднаа, тврди српски „Курир“.
Според изданието, грчката страна барала „премногу“, односно од името целосно да се исфрли „Македонија“ и од долгонајавуваниот компромис засега нема ништо и покрај добрата волја.
Во изминатите неколку месеци, двете страни изразија оптимистички ставови за изнаоѓање на решение што е прифатливо за двете страни, а поддршката дојде и од ЕУ и САД.
Министерството за надворешни работи на Македонија претходно објави дека не треба да се брза со текстот за договорот за името, бидејќи квалитетот на решението е поважен од крајниот рок за завршување на процесот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение за убиството на малата Данка Илиќ
-
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
-
Трет уписен рок за студирање на УКЛО-Битола
-
Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери
-
„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео
-
САД: Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години
-
Новата сезона во АБА 2 стартува утре со три македонски екипи
-
Менди го продолжи договорот со Реал