Балкан
24. September 2024 - 10:04

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ (2) во селото Бањско Поље кај Бор, дознава Нова.рс.

Обвинението е доставено до Вишиот суд пред неколку минути.

Двајцата се обвинети дека со автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ удриле девојче,  а потоа ја задавиле и ѝ го сокриле телото на позната локација.

Случајот на Данка Илиќ  првпат во Србија го активира системот „Најди ме“.