Средба на вицепремиерот Бесими со белгиската амбасадорка Ван Калстер
Активностите кои се преземаат за спроведување на клучните реформи од европската агенда со посебен фокус на делот на независноста на судството, изборните реформи, добрососедските односи, слободата на изразување и медиумите и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и исполнувањето на обврските од политичкиот договор, беа тема на разговор на денешната средба меѓу вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и Аник Ван Калстер, амбасадорката на Кралството Белгија со седиште во Софија.
На средбата, информираат од СЕП, вицепремиерот Бесими се заблагодарил за поддршката што Република Македонија ја добива од страна на Белгија во процесот за евроатлантска интеграција на нашата земја и регионот.
На крајот на средбата е истакнато дека соработката во сите области од взаемен интерес со фокус на билатералните односи ќе продолжи со поголем интензитет.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година