Средба на Вељаноски со новиот евроамбасадор Жбогар
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски на денешната средба со новиот амбасадор на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар ја потенцираше личната подготвеност и подготвеноста на пратениците да дадат поддршка на секоја иницијатива во насока на плодна и ефикасна соработка.
Како што соопшти кабинетот на Вељаноски, тој изразил задоволство од досегашната успешна соработка со претходните шефови на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
Во делот кој се однесува на Собранието на Република Македонија, Вељаноски истакнал дека секогаш било високо оценувана неговата работа и оти ќе продолжи со позитивниот континуитет да биде мост на соработка и размена на идеи и мислења. Вељаноски потенцирал дека е благодарен што сите претходни амбасадори на Европската унија се ангажирале за унапредување на работата на Собранието и од таа соработка се произлезени бројни проекти што се во интерес на Собранието и демократските процеси.
- На средбата се зборуваше за политичката криза во Република Македонија и постигнатиот договор со кој ќе се одржат избори и на кои граѓаните ќе ја имаат демократската можност да одлучат кој ќе ги води. Двајцата соговорници беа согласни дека преку изборите се добива можност да биде рестартиран целокупниот државен систем и ќе продолжат сите реформски процеси за побрза интеграција на Република Македонија во Европската унија. Двајцата соговорници се согласни дека со решавање на политичката криза ќе се даде позитивен импулс во однос на напредокот на државата, стои во соопштението.
Амбасадорот Жбогар на средбата истакнал дека ги познава политичките случувања во Република Македонија и искажал уверување дека ќе ја продолжи позитивната работа во застапувањето на Европската унија. Посочил дека ќе ја поддржува работата на сите институции кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредокот во реформите кои се исклучително важни за интеграција во Европската унија.
Вељаноски и Жбогар разговарале и за актуелната состојба со бегалците од Блискиот Исток и Африка, каде што Република Македонија се најде како транзитна држава. Претседателот на Собранието нагласил дека Македонија ги почитува сите стандарди и прописи кои се пропишани од Европската унија за овие кризни состојби, но мора да се даде поголем ангажман од сите релевантни меѓународни организации за да помогнат во успешно справување со оваа состојба.
Ново на Сител
-
Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници