Средба на министерот Тошковски со норвешката амбасадор Кристин Мелсом
Министерот за внатрешни работи Пачне Тошковски вчера остварил билатерална средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.
На средбата, како што соопшти денеска МВР, било изразено задоволството од соработката помеѓу двете полиции која се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка и истата се одвива на високо професионално ниво.
Министерот Тошковски изразил благодарност за поддршката на Владата на Норвешка во реализација на проекти наменети за подигнување на капацитетот на министерството во борбата со криминалот и корупцијата како реализираниот проект за зголемување на капацитетот во истрагите на местото на настанот.
Двете страни изразиле желба и подготвеност соработката да се интензивира на стратешко и оперативно ниво како партнери посветени на регионалната и глобалната безбедност и борба со сите видови криминал, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?
-
Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
-
ССМ: Нема работници затоа што им давате ниски плати
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%