Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се сретнал со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон.
На средбата било истакнато заемното задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период. Како што соопштија од МНР, била искажана и подготвеност за натамошното унапредување на меѓусебното пријателство и долгогодишната соработка во периодот што следи.
- Во фокусот на разговорите беше сојузништвото во рамки на НАТО, при што беше истакната потребата за продолжување на блиската соработка на двете земји во рамките на Алијансата, особено во контекст на претстојниот самит на НАТО во Вашингтон. Како сојузници, двете земји континуирано и со заемни заложби активно придонесуваат во правец на зачувување на глобалниот мир и трансатлантската стабилност, имајќи ги предвид актуелните безбедносни предизвици, се наведува во соопштението.
Министерот Муцунски се осврнал и на тековниот британски проект за јакнење на капацитетите на Директоратот за НАТО, при што изразил благодарност за поддршката која придонесува за уште поефикасно остварување на нашата политичка и координативна улога околу разни прашања врзани со членството во Алијансата.
Како најголем трговски партнер на ОК во регионот и воедно втор најголем странски директен инвеститор за нашата земја, се додава во соопштението, соговорниците ги потврдиле силните економски и трговски односи меѓу двете земји и го нагласиле интересот за нивно натамошно зајакнување.
На средбата станало збор и за нашиот евроинтегративен процес, посветеноста на реформите и севкупниот општествено-политички и демократски развој на земјава.
Ново на Сител
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука