Џет-Сет
13. October 2017 - 10:25

Србија ќе финансира проект на Ралф Фајнс

Српското Министерство за култура издвои повеќе од 518.000 евра за новиот филм на Ралф Фајнс. „White Crow“. 

Британскиот глумец, режисер и продуцент минатиот месец стана државјанин на Србија, а новиот пасош му го врачи лично српскиот претседател Александар Вучиќ.

Парите за проектот Фајнс, како што наведува белградскиот весник „Политика“, се „од буџетксите резерви" и се одобрени од Владата на 6 октомври.

Филмот е всушност приказна за рускиот балетан Рудолф Нуреев и ќе се снима во Србија. Премиерата е закажана за наредната 2018 година.

Фајнс во 2010. во Србија го оствари и своето режисерско деби - филмот „Кориолан“, според истоимената трагедија на Шекспир.